Вести

Проекти и настани промовирани од GREENOVET

Регионална работилница во Штаерска

Регионалната работилница во Грац, Австрија, се одржа на 25 јануари 2021 година, со 37 учесници. Таа беше поделена на 2 работилници:
• Работилница 1, каде се дискутираше за јазот во вештини.• Работилница 2, каде се дискутираше за потенцијалната улога и придобивките на засегнатите страни во проектот и центрите за извонредност во стручното образование и обука.

work

Учесниците ја изразија својата загриженост за роковите на фазите на студијата и дека сегашниот образовен систем е сè уште премногу приврзан за академска обука, игнорирајќи ја важноста на обуката во компанијата.
Разменетите мислења беа главно фокусирани на тоа што е потребно за зелени иновации и како да се постигне тоа. За време на дискусијата, трансверзалните компетенции беа дефинирани како клучни компетенции за зелени иновации и неколку беа идентификувани како исклучително важни.

На работилницита се дискутираше и за тоа како да се имплементираат компетенците што недостасуваат, a се потребни за зелени иновации за што беа дадени некои предлози.

Доминантен елемент во оваа дискусија беше важноста на креативноста. Недостатокот на флексибилност во институциите за средно образование влијае на креативноста на учениците, а сите претставници на деловните сектори се согласија дека креативните луѓе се многу важни во бизнис секторот. Во пракса, иновацијата мора да се препознае и да се најде. Дуалното обрзование исто како и доживотното учење е клучно.

Учесниците, исто така, прашаа зошто Зелените иновации во стручното образование и обука (СОО) се релевантни за нивната организација, и неколку мерки беа идентификувани.
Во рамките на оваа сесија беа дискутирани и некои од иницијативите што се спроведуваат, како што е проектот (еколошки талент), развиена од Директоратот за образование Штаерска за да ги промовира и предизвика еколошките таленти. Учесниците се согласија дека има толку многу работи на располагање во Штаерска, а сепак се непознати.